Тие обожаваат кога жената...
Мажите не се толку едноставни, но ако добро им навлезете под кожа може да ги читате многу лесно. За да се разбуди нивното внимание потребно...
...е многу малку, но треба да знаете како.
Ова се 10 работи кои мажите ги сакаат кај жените:
1. Кога го освојувате „преку стомакот“. Онаа врска меѓу храната и сексот има и по малку вистина. Особено кога во секси кецела подготвувате нешто навистина вкусно.
2. Кога на жената и се гледаат надразнетите брадавички под маицата. Ова едноставно ги излудува и им ја буди фантазијата.
3. Кога жена ќе им го возврати погледот. Ако директно возвратите на неговиот поглед, веднаш ќе го погодите каде што треба.
4. Кога жените ставаат кармин на усните. Особено ако е црвен. Тие всушност го сакаат ставот кога таа со подотворена уста и полузатворени очи нанесува кармин на усните.
5. Кога жената е убава и без шминка. Вистински тест е кога таа ќе стане од спиење, ќе има широка маица и коса во репче. Без грам шминка. За посилниот пол ова е навистина убава глетка.
6. Кога слатко ќе опцуе. Ниту еден маж не сака брбливки кои не затвораат уста. Но, кога жена која е обично одмерена и внимателна, одненадеж ќе опцуе, делува возбудливо на мажите.
7. Жена во теретана. Дали е заради тесната облека, тешото дишење или самите пози при истегнување на телото – не знаеме.
8. Кога танцува со друга жена. Две девојки заедно на подиум во секси движење. Уф!
9. Кога ќе успее да ѕирне што се крие под нејзината облека. Особено ако ѕирка подвезица или некој чипкан долен веш.
10. Кога жената ќе предложи заедно да гледаат порно филови. Ова е вистинско олеснување особено кај срамежливите момци.