Како да се избегне неверство?

kako-da-se-izbegne-neverstvoto-povekjeНеверството никогаш не се случува планирано. Ретко кој го прави свесно и намерно, а кога ќе дојде до ситуација во која би можело да се случи, веќе е...



... доцна за повлекување. Неверството може да се спречи само ако претходно се размисли за тоа и ако не се дозволи како опција.

За да се избегне неверството треба да се придржуваме кон следниве совети:

kako-da-se-izbegne-neverstvoto

1. Поставете цврсти ѕидови – тоа не значи дека низ дома треба да ги испозатворите прозорците, но чувајте ја приватноста, особено од оние кои би можеле да ја загрозат. За нив подигнете високи ѕидови!

2. Важно е да сфатите дека работата е „опасна зона“. Немојте на пауза, или пак на кафе да одите постојано со една личност. Особено ако патувате деловно, немојте со соработникот да престојувате во иста соба. За сè што треба да се договорите, договорете се во барот, или пак ресторанот.

3. Избегнувајте емоционална интимност со атрактивни личности, кои би можеле да бидат добра замена за вашиот партнер. Спротивставете се на поривот за спасување на скршени срца бидејќи тие можат да го загрозат вашето.

4. Заштитете ја вашата врска и брак така што проблемите ќе ги решавате дома. Ако морате со некој друг да разговарате за проблемите во бракот, тоа нека биде личност која не само што ви е пријател туку и личност која ја подржува вашата врска.

5. Држете се настрана од старата љубов! Ако знаете дека на некој собир ќе биде некој од вашите бивши, задолжително појдете со сегашниот партнер. Ако вашата врска барем малку ви значи, два пати размислете пред да одите на пијалок со некој бившите. Ова е нешто што треба да се избегнува. Без разлика колку е стар љубовниот пламен, тој може повторно да се бувне!
   
6. Постевете си јасна граница која не смеете да ја поминете кога стенува збор за интернет пријателствата. Најдобро е за нив да знае и партнерот за да не станат тајна.      
      
7. Потрудете се вашето друштво да ви биде потпора. Опкружете се со пријатели кои се во среќни врски или бракови и кои не мислат дека е дозволено да се зезате наоколу. Доколку повеќе се дружите со луѓе кои што имаат отворени врски, веројатно и вие така ќе почнете да размислувате и тоа ќе ви стане нормално.

Би можело да ве интересира:

Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg