Што ги вади од такт мажите?
Некои женски маки се очајни за мажите. Тоа не е случајно. Некои работи кон кои се склони жените, мажите никогаш нема да ги разберат.
Не дека женските солзи понекогаш не се оправдани, но....
Во ред. Ако се заборави петгодишнината од запознавањето, можеби тогаш мажите заслужуваат студен туш, но кој сеуште води грижа за пет месеци од првиот бакнеж? Жените.
Секако, на мажите им е смешно од таа перспектива да ја набљудуваат врската. Годишнините се запишани во машкиот хард диск, но не и сите оние „важни датуми“ кои им се важни на жените. Мажите не само што не ги помнат туку и не се трудат да ги запомнат.
Е сега, што се однесува до плачењето, таа појава е ретка кај машкиот свет. Не дека ја нема, но ретка е.
Од таму и ненадејните женските солзи се чудни. Доколку заедно гледате некој човек кој седи сам и руча, таа ќе види сиромав вдовец кој мора сам да јаде, додека мажите гледаат човек кој побегнал од сопругата за на мира да го изеде својот оброк.
Слдена тешка ситуација е онаа во која таа не е во состојба да одбере што да облече за излегување.
Доколку се најдете во таква позоција, наоружајте се со трпение. Без пет пресоблекувања - ништо. А кога ќе сфатите дека местото каде што ќе излезете не е ни осветлено, залудноста на нејзините комбинации е максимална.
Жените имаат често навика својот живот да го оптоварат со периферни ликови. Тука се бившите колеги, келнери, некогашни комшии, сестрата на бившиот дечко...
Што да се заклучи од сето ова? Животот е премногу краток за да се помине во недоразбирање. Обидете се да разберете и да балансирате.