Секс наместо расправија?
Страсен секс полн со жешки бакнежи по расправија, најчесто гледаме на филм. Но, и во вистинскиот живот не се ретки случаевите да се ужива во мазењето непосредно...
...по расправија, или кога задишани земате здив по искажани груби зборови...
Колку и да посакуваме мирна љубовна врска, без непријатности и расправии, секогаш има по некоја искра, па и жестоки караници помеѓу партнерите.
Понекогаш тоа се манифестира со молчење, како знак дека нешто не е во ред, но се случуваат и жестоки расправии, кога партнерите сешто ќе си изнакажат, ќе паднат тешки обвинувања, кога летаат работи низ дома....
Кога расправијата ќе почне да стивнува, а понекогаш и во самиот ек на караницата, се јавува друг вид на страст, па партнерите завршуваат мирејќи се под покривачот.
Тоа, секако е многу пријатен начин да се заврши со расправијата, но многумина се прашуваат дали е тоа добро за врската?
На вакво смирување во главно се противат девојките. Секако, тоа не е необично, бидејќи девојките сакаат да бидат добро расположени и опуштени за да можат да водат љубов, а тоа тешко се постигнува во екот на расправијата, или пак веднаш по неа.
Затоа, треба да се реши прво проблемот, а не само да се шутне на страна и да се фрлиме во кревет.....
Сепак, примирјата во кревет се убава работа. Сексот опушта, расположува, па колку и да сте лути, практично и не се сеќавате зошто сте се скарале.
Во секој случај, повеќе не ви е до расправање. Сексот, секако не може да биде замена за решавање на проблемите, но може да биде начин кавгата да престане.
Така опуштени можете помирно да разговарате и да најдете решение за проблемот. Дали ќе се смирувате во кревет или не....зависи од партнерот.
Ако примирјето по сексот функционира, тогаш...супер. Доколку пак ви е потребно прво да го решите проблемот па потоа да уживате во водењето љубов, тогаш малку смирете се, а потоа релаксирајте се со добар секс.