Во жарот на страста
Кога се работи за сексуалноста, секој од нас со неа се носи онака како најмногу му одговара. Зошто? Можеби се сеуште млади и неискусни, па со...
...време ќе почнат да уживаат на вистинскиот начин.
Некои имаат проблеми со прифаќањето на сопствениот изглед, што не важи само за девојките. Телото што го поседуваме треба да го засакме и тоа со извесна доза на сигурност, бидејќи несигурноста воопшто не е секси.
Да се мисли дека нашето тело е величенствено и сексипилно...не е лошо. Треба да се ужива во себе за да може да се ужива и во другите. А ако проблемот е во тоа што од некоја причина не уживате, обидете се да го сфатите сексот како извор на интензивно задоволство. Без притисок.
Сексот е важен дел од секоја врска, но постојат одредени аспекти кои повремено не ги истражуваме доволно и затоа врската не ни е хармонична во потполност. На тоа би требало малку да се поработи.
Размислите за своите силни и послаби страни. Вие најдобро знаете какви сте и како да го подобрите својот емотивен и сексуален живот.
Потребно е да се соочиме со сите прашања кои обично избегнуваме да си ги поставиме. Но, немојте да дозволите се да заврши на тоа. Разговарајте со саканата личност и тоа најотворено што може, така се ќе биде решено заеднички и ќе се подобри и продлабочи вашиот однос.
Дури откако ќе воспоставите добра комуникација, ќе можете да здивнете. Нема да има падови, ќе бидете поопуштени во врската.
Сексуалноста треба да се прифати како нешто потполно природно. Треба да бидеме среќни во своите тела, среќни затоа што знаеме да комуницираме и со зборови и со допири.
На многумина им требаат години за да го постигнат тоа ниво на интимност. Кога водењето љубов ќе се издигне над обичниот секс и ќе стане вештина и умешност, јасно е дека потоа работите ќе се движат по нагорна линија.