Градови создадени за флерт
Не сте во сериозна врска, планирате патување и сакате да запознаете симпатични момци или девојки? Туристичкиот портал Travelzoo направи анкета...
...меѓу своите корисници за да открие кои градови се најдобри за флертување.
Главен град за флерт е Париз. На второ место е Рим, а трета е Барселона. Меѓу првите десет се сместени дури 3 германски градови, а најдобри места за запознавање се кафулињата и ноќните клубови.
Веројатноста дека на вакво патување ќе ја запознаете љубовта на својот живот е релативно мала. Само 6% од анкетираните на патувањето го запознале својот моментален животен сопатник.
Но, тоа е најмалку важно со оглед на тоа што најдобрите градови за флерт се воедно и прекрасни туристички места кои се сосема исплатливи за да ги посетите.
1. Рим
2. Париз
3. Барселона
4. Њујорк
5. Венеција
6. Берлин
7. Стокхолм
8. Сан Франциско
9. Келн
10. Минхен