Тие сакаат чувствителни мажи?
Многу жени тврдат дека она што навистина им треба е чувствителен маж – некој кој без проблем ќе им каже „извини“, „те молам“ и „те сакам“.
Тие бараат некој кој умее да ги изрази своите чувства и кој што е во контакт со својата „женска страна“ (што и да значи тоа). Како и да е, во реалноста овие мажи многу бргу ќе и здодеат на жената со која што се.
Жените сепак не бараат „господин чувствителен“, но не бараат ниту маж кој ќе биде „мажиште“ со сето викање, удирање со рака на маса и сите други импликации кои ги подразбира терминот.
На секоја жена и треба стабилен маж во чиј емотивен живот постои баланс – некој што е чувствителен, но не премногу.
Жената бара маж кој е во состојба да се грижи за нејзините потреби, па дури и самиот да ги предвиди, некој што ќе им биде потпора во тешките моменти.
Со други зборови, во ред е ако „мажиштето“ заплаче кога ќе му почине некој близок роднина, но не и за секоја ситница.
Како што веќе рековме, трикот е во воспоставувањето на балансот.
Секоја девојка сака нејзиното момче да биде тука покрај неа, но сака и малку мистерија.
Затоа, мажите треба да знаат кога треба вечерта да ја поминат со неа, а кога да излезат со своето друштво.
Ако таа ви се јави на полноќ и плаче на телефон затоа што имала најлоша недела на свет, не е момент да изигрувате „кул“ тип и да се однесувате дека не ви е гајле.
Сепак, не треба и постојано да и се јавувате за да ја прашате како е.
Купете и цвеќе или наутро дајте и чоколадо со симпатична порака. Со мали гестови покажете и дека сакате таа да се чувствува добро.