Што ги држи партнерите заедно
Финансиската сигурност и децата, а не љубовта е она што ги држи заедно брачните партнери, тврди авторката на книгата „Брак доверливо“ Памела Хаг...
...која разликува 5 видови „несреќно“ модерен брак:
1. Полусреќниот брак го карактеризираат честите промени на расположението и атмосферата помеѓу сопружниците.
2. Во родителскиот брак заеднички интерес е само разговорот за детето, па партнерите ретко се доверуваат.
3. Кариерниот брак го карактеризира тоа што еден од партнерите се концентрира на работата, додека другиот ужива во плодовите на неговиот труд.
4. „Сè е во ред“ брак подразбира дека еден од сопружниците е доминантна фигура, додека другиот партнер е толерантен на приговори.
5. Брак на работ, го карактеризираат чести разговори за можниот развод, како и периоди на не комуницирање и смирување.
Се пронајдовте ли во некоја од точките? Каков е вашиот брак?