Бегајте од вакви жени...
За разлика од жените диктатори кои можеби сакаат сè да биде по нивно, но не мислат ништо лошо со тоа, туку сакаат сè најдобро за сите и...
...мислат дека така помагаат, постои и друг тип на жени кои мислат само за себе и на она само ним што им треба.
Тие не ги земаат во предвид туѓите чувства, па што и да направите за неа не е доволно добро. Постојано ќе имате чувство дека не сте направиле како што треба.
Бегајте од вакви жени...а како да ги препознаете?
Ова се само некои знаци кои лесно ќе ги забележите:
- Флертува со други мажи.
- Ве срами на јавни места, пред пријатели или непознати луѓе, нејзе и е сеедно.
- Постојано ви заповеда и во сè мора да биде главна.
- Никогаш ништо не плаќа, а секогаш има големи желби.
- Воопшто кон луѓето се однесува како да не и се достојни, мисли дека е подобра од сите.
- Концентрирана е само на себе.
- Постојано ве критикува, но не само вас, и другите.
- Очекува кон неа да се однесувате како кон кралица, таа е најдобра и сè заслужува.
- Аморална е, има минимални морални и етички норми, отфрла сè што не е добро за неа, според нејзините стандарди.
- Подготвена е да ги искористува луѓето и кога се најосетливи.
Кај овој тип жени морате да бидете подготвени дека секогаш ќе бидете помалку вредни и никогаш нема да ве почитува - или, едноставно, да ги избегнувате!