Попаметните мажи се поверни
Мажите со висок IQ помалку ги изневеруваат своите партнерки, за разлика од помалку интелегентните мажи. Интересно е и тоа што кaј жените не е така...
...односно ако се интелегентни не заначи дека се повеќе верни, вели истражувањето на British University.
По извршените испитувања на стотина адолесценти и возрасни личности, заклучено е дека интелегентните мажи повеќе ја ценат моногамијата за разлика од оние со понизок коефициент на интелегенција.
Истражувачите сметаат дека причината за ваквото однесување не е биолошки детерминирана.
Според теоријата на еволуцијата, мажите изневеруваат со цел да опстане видот, а докажано е дека „неверниците“ се во предност кога е во прашање опстанокот, за разлика од оние кои се определиле за моногамија.
Истражувачите тврдат дека интелигентните мажи едноставно можат да го совладаат ваквото однесување, односно изневерувањето и така еволуциски да бидат уште „понапредни“.