Кога врската станува навика

koga-vrskata-stanuva-navika-povekjeВо долгите врски постои некој период кога почнувате да се чувствувате „сигурно“ и тоа ви причинува задоволство. Проблемот е што постојат партнери...


...кои тогаш престануваат со обидите да ја импресионираат саканата личност, престануваат да се трудат, претпоставуват дека сè и засекогаш ќе остане исто – и тогаш доаѓа моментот кога почнувате да се чувствувате сигурно, а всушност почнувате да ја губите саканата личност.

koga-vrskata-stanuva-navika

Никој не сака да го гледаат како нешто што се подразбира. Како да е дел од мебел што секогаш ќе биде тука (барем додека не го исфрлат за понов и поубав), како некоја работа која нема своја волја ниту свои потреби и со неа можете да правите што сакате.

Не се подразбира дека саканата личност секогаш ќе биде тука за вас, не ако престанете да се трудите и понатаму да се чувствува сакано.

Секако, убаво е да се чувствувате сигурно. Убаво е ако можете да се опуштите. Убаво е да знаете дека саканата личност ќе биде покрај вас и во неволја и во помалку убави моменти.

Ако помеѓу вас постои љубов, почитување и меѓусебна подршка, саканата личност навистина ќе биде покрај вас и кога ќе ви биде тешко, кога ќе имате проблеми, кога ќе дојдат неволји и стресни периоди и кризи. Само, за да постои таа љубов, почитување и меѓусебна подршка, неопходно е да се одржува.

Како тука се вклопува приказната за опуштеноста и чувството на сигурност? Кога сте во долга врска, не морате секој час да се докажувате, не морате целата своја енергија да ја усмерите на освојување.

Но, не треба да се заборави дека од време на време треба со нешто да ја импресионирате саканата личност и со нешто конкретно да и покажете дека ја сакате и дека ја посакувате. Не е лошо од време на време да и се додворувате.

Оној момент кога ќе престанете со сето тоа, тоа е моментот кога почнувате да ја губите.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg