Кога мажите ве вадат од такт?
Понекогаш навистина се чини дека мажите и жените се дојдени од различни планети. Не можат да се разберат, не можат да комуницираат како што треба...
...си одат на нерви едни на други, а сепак не можат едни без други.
Да бидеме реални, светот без мажи не би бил убаво место за живеење, сепак постојат ситуации кога со задоволство жените би ги лансирале мажите на друга планета.
1. Не се јавуваат. Иако сте се договориле за романтична вечер со гледање филмови, тој одеднаш договорил излегување со пријателите. Да биде работата уште полоша цела вечер мобилниот му е исклучен и не се јавува.
2. Не слушаат. Таа имала напорен ден на работа и едвај чекала да дојде дома и да си ја олесни душата. Почнува со приказната и по некое време сфаќа дека тој воопшто не слуша, туку си гледа телевизија и на сè механички одговара со „мхм“.
3. Неуредност. Го остава кренат капакот на WC-то, ги остава боксерките на подот од купатилото, или ги остава валканите чаши и тањири насекаде по станот... Имено тие се навикнати да им е убаво стокмено во плакарот и мајка им да оди по нив. Мислат дека тазе испраните и испегланите алишта магично, сами влегуваат и се редат во плакарот.
4. Претеран секс – или секс во лошо време. Кога таа ќе дојде преморена од пат, или по две смени поминати на работа и едвај чека да си легне, тој баш тогаш ќе се сети дека е одлично време за водење љубов.
5. Вокабуларни (не)способности. Простотилак, лоши зборови и по некоја директна навреда (особено за време на фудбалските натпревари) за мажите се сосема нормална работа.
6. Љубомора. Не мислиме на опсесивна љубомора, но кога ќе се заврти по друга жена, или искоментира нешто, не му гине целодневно лутење. Овде баш и не може многу нешто да се направи. Мажите се ловци и единствено што може да се превземе околу ова е - нека си гледаат... ама нека не коментираат.
7. Групно дружење. Нормално е да излезе за да се види со другарите од средно, факултет, или од младоста. Дури и на девојките им одговара да излезат и да се издуваат во првата кафана. Но, кога ќе падне договор во сабота вечер да бидат кај вас дома...
Викање, гласно смеење, по некоја искршена чаша, или пак парче скап порцелан драг спомен. Тој се забавува, а таа трчаа по станот и го средува нередот. Решението е женска вечер, а утредента тој да го исчисти нередот.
8. Забележување. Таа поминала три часа на фризер за да ги осветли прамените за две нијанси и да направи степенасти шишки како вечерта кога прв пат излегла со него, а тој ништо не забележал.
Кога ќе спомене дека била на фризер, а тој ќе сфати дека нејзината фризура е променета, сè што има да каже е.... „леле навистина?!“ и тоа не е проследено ниту со комлимент, ниту со критика. За нив промените не се ниту лоши, ниту добри, тоа се само факти.
9. Kаде ми се клучевите? Сè што ќе изгуби - таа треба да знае каде е. Клучевите, мобилниот, новчаникот, па дури и лаптопот ги снемува секое утро.
10. Култура. Повеќето се културни, но секој си има по некоја некултурна машка мана во која си е доследен. При тоа мислиме на плукање на улица, ждригање, секнење нос на посебен начин...
Има некој нешто да додаде?