Како да и пријдете?

kako-da-i-prijdete-povekjeСекојдневно се гледате, но еве како да поминете на следното ниво. Ви се лепат очите за неа кога гледате од страна, но не знаете како да отидете...


...понатаму од симпатичната насмевка. Често ја гледате, така да мора да го искористите арсеналот оружје за заведување.

Еве неколку стратегии како да и пријдете и да ја задржите девојката, која на прв поглед ве заинтересирала.

Девојка од кафуле

kako-da-i-prijdete

Ја издвојувате од масата. Речете и „Ме послужувате со исто кафе со месеци. Изненадете ме овој пат“.

Сега кога знае дека го цените нејзиното мислење, зголемете го опсегот на теми. Со скромен манир речете и дека ви е потребен паметен женски совет во врска со облекувањето.

Или, прашајте го келнерот дали таа ја одбира музиката и што и се допаѓа. Ова го качува вашиот однос на повисоко ниво. Еднаш кога разговорот ќе почне и таа ќе дознае повеќе за вас, ќе се чувствува слободна и ќе прифати да се видите по работното време.

Девојка од теретана

Морате да ги отстраните нејзините сомнежи дека сте испотен тип кој и се „нафрла“. Еден од најдобрите начини е да бидете неспретен нов тип во теретаната.

Ова го става вашиот објект во супериорна позиција, па може и д ави понуди некој совет. Ако се поврзете на тренинзите, прашајте ја дали би ви се придружила вам и на неколку пријатели на трчање во сабота наутро.

Протнете го тоа како добра вежба и совршен начин да се проверат неодоливите колачи во слаткарницата која ви е на патот.

Колешка од работа

Тргнете од она што ви е заедничко. Прашајте ја колку време работи тука и што и се допаѓа, а што не...па потоа ова: „Што правиш кога не си на работа?“

Вашиот став е во следново: Се поврзувате со неа професионално и лично. И се приближувате на нејзината амбиција и ја правите коиницијатор за следната тура пијалок по работа.

Вие двајца одеднаш станувате конпиратори во качување на скалите на успехот. Следно е хуманитарна организација.... и така со ред.

Девојка од автобус

Таа се вози со вашиот автобус (или пак се движи по истата улица). Тргнете кон неа, повремено седнете до неа. Потоа употребете ги вештините за да започнете дијалог. Импровизирајте некоја вест, случка од весници или духовито прокоментирајте колку често се среќавате....

Малата љубезност може да се претвори во мала интимност. Понудете и го вашето место, или пак да прочита нешто од весникот. И како вашето пријателство се повеќе се гради, ќе стане полесно вашето утринско патување да го претворите во вечерен состанок со пијалок.

Би можело да ве интересира:

Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg