Четири бакнежи, три пати секс
Волшебната формула за успешен брак гласи – четири бакнежи дневно, три галења, едно „те сакам“ и секс три пати неделно, а разликата во...
...годините помеѓу партнерите би требала да биде околу две години.
Имено, еден британски портал го спровел ова интересно истражување помеѓу своите посетители.
Во анкетата учествувале повеќе од 3.000 испитаници. Повеќето сопружници со успешен брак се запознале преку пријатели, а се венчале по три ипол години врска. Идеално време да добивање дете е две години и два месеци по венчавањето.
Најуспешни се партнерите кај кои разликата во години е две години и три месеци.
Испитувањето исто так покажало дека за успешен брак важна е и независноста на партнерите. Идеално е да се гледаат со пријателите два дена во месецот.
Секојдневниот контакт на партнерите е исто така многу важен. Испитаниците со успешни бракови со партнерот контактираат најмалку три пати дневно – повик, СМС или маил, дури и кога се на работа.