Како да го освоите во кревет?
Го пронајдовте вистинскиот, или барем така мислите, не е важно. Сè до сега ви одговараше, и разговорите и бакнежите и сè што е важно.
Тој е вашиот човек. Но, сега на сцена стапува сексот. Сакате да го освоите и во кревет за да остане само ваш.
1. Немојте постојано да го одбивате, но немојте и секогаш да се согласите
Често го предизвикувате и баш кога тој ќе помисли дека вие сигурно ќе се согласите, вие му велите: „А, не , не“.
Во ред, понекогаш тоа се подразбира, не може секогаш да се согласите, но понекогаш е и забавно да се шегувате со него. Можеби ви се допаѓа малку да го „запалите“, па потоа да му го скратите здоволството, но по неколку пати таква игра...тој ќе престане да се туди. Како би постапиле вие? Исто!
Уште една многу важна работа - не треба да се прави „обврска“ за секс, бидејќи кога сексот ќе стане обврска нешто што „морате да го направите“, тоа ќе создаде само непотребна напнатост.
Значи, не мора секогаш да бидете на располагање, така нема да му бидете предизвик, а тие сакаат предизвици.
2. Нека верува дека тој е „тој“, но дозирајте ја сигурноста
Не е тајна дека секој маж сака да помисли дека тој е вистинскиот. Нека се чувствува како да прави баш како што треба. Машкото его е од неверојатна важност. Секогаш од почеток треба да му се кажува како е мноооогу добар, како моѓе мноооогу долго да издржи...
Но, внимавајте! Ако не сте задоволни, немојте да глумите за тој да се чувствува добро. Истакнете го тоа што е добро за да може на тоа повеќе да му се посвети. Мажот кој се чувствува несигурно и мисли дека не може да ја задоволи партнерката, лесно би можел да побегне. Секако, упатете му искрен комплимент, па ќе добие желба да биде уште подобар.
3. Ветувајте малку, покажете повеќе
Никогаш, ама баш никогаш немојте да поттикнувате лажни ветувања кога се работи за сексот, или пак за било што поврзано со секс. Да појасниме. Зборувате дека сте одлични во орален секс, а никогаш тоа не сте го примениле. Би можел да се разочара, а ако помалку му ветувате, а повеќе пружате тоа ќе го изненади... пријатно.
4. Желбата е клучна работа
Повеќето жени мислат дека добриот секс е всушност добра техника. Во ред - ако сте во нешто добри и во тоа уживате - само напред! Но, запомнете една важна работа ако на мажот му кажете дека го посакувате, тој ќе се почувствува многу моќен. Во сексуална смисла. Ако направите тој да се почувствува посакуван, тој сè повеќе вас ќе ве посакува.