Колку често имате секс?

kolku-cesto-imate-seks-povekjeВо повеќето врски, освен со должна почит кон платонската љубов, без секс нема ни добра врска. Велиме...во повеќето, а не во сите врски...


...затоа што постои мал број асексуални луѓе, кои што не чувствуваат потреба за секс, а постојат и врски од интерес, кои се повеќе некој вид деловен договор – па во таквите врски сексот не е важен.

Во сите останати љубовни врски помеѓу возрасни луѓе, без секс, не се може.

kolku-cesto-imate-seks

Е сега, некој би можел да заклучи дека колку повеќе секс во врската, толку е подобра врската. Кога ги набљудуваме паровите од страна, за некои е очигледно дека помеѓу нив постои страст (не треба ништо особено да прават, тоа едноставно се забележува, на пример од начинот на кој се гледаат), претпоставуваме дека во врската супер им оди- и во поголем број случаи сме во право.

Меѓутоа, дали тоа значи дека честиот секс е неопходен услов за добра, успешна и долга врска?

Не баш. Можеби на почетокот од врската повеќето парови имаат почести сексуални односи, но тоа не значи дека подоцна кога сексот ќе биде поредок врската ќе изгуби на квалитет. Така е и кога се споредуваат парови, не значи дека некој пар кој има почесто секс е посреќен од некој друг.

Што е тоа што има вистинско значење?

Старото правило, не е важен квантитетот, туку квалитетот, важи и кога станува збор за сексуалните односи. Не е важно колку чести се сексуалните односи, туку колку се квалитетни, односно колку обајцата партнери се задоволни.

Многу лош секс, никому нема да му го поправи расположението, а барем и малку фантастичен, страсен секс знае да ја зацврсти врската.

Она што е важно е ускладеноста помеѓу партнерите – ако либидото на едниот бара секс три пати неделно, а на другиот еднаш месечно, таа врска тешко дека ќе опстои.

Компромиси секогаш можат да се направат, но ако постои драстична разлика во потребите, било каков вид копромис ќе ги направи партнерите несреќни.

Значи, квалитетот и ускладеноста, е она што е важно. А што се однесува до „ставањето рецки“, тоа најдобро е да се остави за некој спортски натпревар.

Би сакале да го чуеме вашето мислење за оваа тема!

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg