Колку навистина се сакате?

kolku-navistina-se-sakate-povekjeНачинот на кој паровите се држат за рака, се гушкаат, бакнуваат, водат љубов или пак јадат ни открива на кое ниво е нивната љубов. Малите...


...сигнали говорат наместо нас почесто одошто можеме да претпоставиме.

kolku-navistina-se-sakate

Да земеме за пример еден долг и страстен бакнеж. Тој јасно зборува дека се работи за две личности кои се сакаат и кои и кои со задоволство се сеќаваат на стариот ентузијазам со кој почнаа да им се препуштаат на бакнежите.

Ваквите парови ги оставаат зад себе лошите моменти и напорните работни денови. Се гледаат право во очи, цврсто се прегрнуваат и нежно се бакнуваат. Пораката која што ја праќа нивното однесување е повеќе од јасна.

Дури и начинот на кој паровите седат во ресторан може многу да открие за нив. Дали седат стиснати еден до друг во некој агол од ресторанот, или пак еден спроти друг додека горните делови им се навалени нанапред?

Сè си има свое значење. Без разлика на положбата на телото, важни се погледите и насмевката. Бидејќи партнерите често ги разменуваат, тука се кријат позитивните вибрации кои прават да се чувствуваат пријатно.

Секако тоа пријатно чувство, не ја исклучува кавгата. А дури и кога се караат, среќните парови имаат потполно поинаков говор на телото од останатите.

Тие се лути, но се и емотивно ангажирани. Не бегаат еден од друг само затоа што се скарале. Тие се сакаат и имаат желба да го решат настанатиот проблем. Секој проблем може да се реши доколку постои желба да се сослуша саканата личност.

Среќните парови дури и одат со ист чекор, синхронизирано, повоедначено и речиси никогаш не се во расчекор. Првиот знак на недостаток на присност се забележува кога некој од партнерите оди чекор понапред. Од таму најверојатно доаѓа и честото држење за раце, што е еден од најсигурните начини да се чекори во ист ритам.

А чекорењето во ист ритам е показател дека и во животот имате ист ритам со кој се гордее вашата врска.

Би можело да ве интересира:

„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg