Дали е блиску раскинувањето?

10-znaci-deka-raskinuvanjeto-e-blisku-povekjeСовремените истражувања покажуваат дека луѓето ги преиспитуваат своите односи за време на празниците. Овој податок се однесува подеднакво...


...за младите и за долгогодишните брачни парови.

Во прилог ви даваме 10 знаци како предупредување дека со врската нешто не е во ред. Ако забележите некој од наведените 10 сигнали кај вашиот партнер, тоа не мора да значи узбуна. Секој може да има лош ден.

Но ако забележите некој од поопасните знаци, а и самите некое време се прашувате што не  е во ред со вашата врска, вистински момент е да му го поставите прашањето и на вашиот партнер.

1. Телефонот повеќе не ѕвони

10-znaci-deka-raskinuvanjeto-e-blisku-1

Знаете веќе како почнуваат врските. Пораки со бакнежи, повици...само да ти слушне глас... Природно е првиот занес со време да спласне. Но, ако вашиот партнер и не забележи дека неколку дена не сте се виделе или слушнале, треба да се запрашате што се случува. Освен што е знак за заладување на страстите, поверојатно е дека избегнува непријатен разговор околу раскинувањето.

2. Ќе се слушнеме подоцна!

Освен што тој/таа не ве бара, невозможно е и да го/ја добиете. Сите ние имаме обврски, но ако фразите „Ќе се слушнеме подоцна“, „Ќе те побарам подоцна“, „Не можам сега да зборувам“ одеднаш стнаа вообичаени, вашето време е истечено.

3. Јавното искажување на љубовта го снема

Сигурно се сеќавате на времето кога шетавте низ град прегрнати, или пак држејќи се за рака. Повеќе нема таква блискост? Тоа значи дека иднината не ви е наклонета.

4. Таен агент

Кога ќе влезете во соба, нагло го исклучува интернетот. Често пати не сака да одговори на повиците во ваше присуство. Сè почесто случајно дознавате дека не бил/a таму каде шшто сте мислеле дека е. Потребата да се крие од вас, веќе загрижува.

5. Неговите или нејзините познаници ве избегнуваат

Пријателите на пратнерот кои во почетокот ве прифатиле, одеднаш ве држат на дистанца. Можна причина: тие знаат нешто што вие не знаете, па се наоѓаат во непријатна ситуација.

10-znaci-deka-raskinuvanjeto-e-blisku-26. Постојани борби околу ситници

Дека мажите се од Марс, а жените од Венера, тоа ни е сосема јасно. Но, ако не помине ниту еден ден а да не заискрите меѓусебно и при тоа да се поведе војна со тешки зборови околу некои ситници, тоа веќе не е нормален машко-женски однос. Постојано кавги околу ситници, околу она што би требало да биде романтичен состанок...време е за разговор, па нека е и последен.

7. Ништо не е добро

Ништо што ќе направите, не е добро. Ништо што ќе облечете не ви стои добро. Мрчење на секојдневна основа, најчесто значи знак дека некој не е задоволен со општата состојба. Тоа води кон една цел – крај.

8. Значителна измена на изгледот

Кога луѓето се желни за промени, прво менуваат нешто што е најлесно да се смени-изгледот. Нова фризура, обновување на гардеробата, подобри хигиенски навики, сите тие се сигнали кои укажуваат на две загрижувачки пораки. Едната е желба да му се допаднете на некој друг. Втората е желба за промена. Ако е задоволна на работа, задоволна со меѓучовечките односи, можеби тоа што сака да го смени сте баш вие.

9. Златна тишина

Кога ќе се изгуби интересот за другата личност, повеќе се нема желба да се сослушаат нејзините дневни анегдоти. Но, уште пострашно е кога ќе престанете да зборувате за себе. Кога ќе забележите дека дечкото/девојката повеќе не ги дели со вас своите дневни случувања, а заедничката тишина станува непријатна, вашиот однос дефинитивно треба да се преиспита.

10. Разговорите за иднината се минато

Заедничките планови станаа еднострани? Нема разговор за подалечната или поблиската иднина? Можеби затоа што вашата втора половина има други планови...

Еве еден брз тест - започнете разговор за заедничко патување, или свадба која треба да се случи не толку скоро. Ако партнерот се обиде да ја смени темата, или нема аргументи зошто е неизводливо одењето, сменете ја темата на разговор. Можеби е вистинско време да се постави прашањето дали вашиот партнер воопшто планира да биде со вас до тогаш.

Сознанието дека врската е при крај е болно, но ако на време се соочите со проблемот, постои мала шанса да се поправат работите и да продолжите понатаму. Во секој случај, со разговор, двајцата ќе одлучите што е најдобро за вас и дали треба да се сврти нов лист во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg