Итри потези за „ловење“ дечко

itri-potezi-za-lovenje-decko-povekjeЧесто по разните списанија можеме да прочитаме разни совети како да „уловиме“ дечко, како да го наведеме уште повеќе да се загрее за нас.


Ако сакате да читате вакви совети, еве неколку и од нас – се однесуваат на ситуации кога дечкото е веќе заинтересиран, а вие сакате да го зајакнете интересот.

itri-potezi-za-lovenje-decko

Една работа што можете да ја направите е... да неможе лесно да дојде до вас, да не сте секогаш достапна. Тоа дечкото ќе го заинтригира и ќе го наведе повеќе да се потруди. Значи, немојте секогаш да му ги кажувате вашите планови и немојте секогаш да бидете достапни - повеќе ќе се труди ако мора малку да се помачи за да дојде до вас.

Друга работа што ќе го загрее е... малку да го охрабрите - но само малку. Покажете дека сте заинтересирани, но истовремено покажете дека сè уште не сте освоени. Гледајте го право во очи, малку подолго од вообичаено, божем случајно допрете му ја раката... Ќе се прашува на што е и уште подиректно и поинтензивно ќе се обидува да ве освои.

Уште една финта е потполно да ги шрмирате неговите пријатели. Ако ги придобиете нив и тиа дадат „зелено светло“, тој ќе биде поотворен и побргу ќе се обиде да ја зацврсти врската со вас. Како да се постигне тоа? Бидете поопуштени, немојте да се муртите на машките шеги и немојте рано да го носите дома од забави (односно да го одвојувате од друштвото). Така ќе бидете „добар ортак“, а не расипувач на забави.

Мала напомена со овие совети за „ловење“, ако дечко што има повеќе од 25 години падне на овие фори, тој енезрел. Овој „лов“ се практикува кога немате подлабкои емоции, а сакате само убаво да си поминете и забавувате со дечко кој е „луд по вас“.

Би можело да ве интересира:

Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg