Неостварени секс фантазии
Сакале или не, мора да признаеме: она што во некој порно филм изгледа како добра идеа, добра поза, добар потег, добра „акција“, во вистинскиот...
...живот може да се претвори во фијаско, мачење, или едноставно во раскинување на врската.
Некои работи видени на филм не се потези што треба да се применат во вистинскиот живот, барем не без претходен договор со партнерката.
Порно филмовите се направени така да се поиграат со нашите желби, да ни ја поттикнат мечтата и можеби да предизвикаат некои нови желби кај нас.
Меѓутоа, тоа не значи дека сите фантазии треба да се претворат во реалност. Ако до себе имате партнерка која е со авантуристички дух и сака да испроба баш сè - во ред, супер за вас!
Меѓутоа, повеќето жени сакаат регуларен, емотивен секс, без многу акробации и експериментирање.
Пластичен пример: групниот секс е редовна појава во порно филмовите. Тоа е уште една режисерска финта која треба да ни ја разбуди желбата по нешто возбудливо и поинакво.
Не е погрешно да се каже дека сексот во тројка е повеќе мака од наука и ако не сте особено блиски со партнерот/партнерката, може да резултира пред се со раскинување на врската, а не со феноменален секс. Особено ако тројката се состои од две девојки, а се предложи спротивна варијанта.
Значи фантазијата е едно, а сексот во реалноста сосема нешто друго.