Од овие фраери, жени бегајте!
Постојат четири вида мажи кои жените треба да ги заобиколуваат од далеку. И покрај тоа што на прв поглед се чинат успешни, негувани и романтични...
...од овие фраери треба да се побегне како стрела:
1. Воркохолик
Мажот кој во 6 часот наутро е избричен, облечен и подготвен за на работа, работи прекувремено, а по завршувањето на работното време оди на пијачка со соработниците, е типичен пример на воркохолик. Тоа е човек кој малку спие, парите му се најважното нешто на светот, а и често влетува во љубовни афери со колешките од работа.
2. Зависник од адреналин
Човекот опседнат со скијање, нуркање, екстремен велосипедизам, никогаш не мирува и постојано ги испитува своите граници. Истражувањата покажале дека во триесеттите години од животот зависникот од адреналин станува уште пожесток и тешко пронаоѓа партнер кој може да го следи.
3. Метросексуалец
На прв поглед е опуштен и лежерен. Овој тип на маж со часови поминува во шопинг, или на фризер и има високо мислење за себе. Често пати е приврзан со мајката и го дели нејзиното мислење за животот, а од партнерката бара потполно внимание.
4. Заводник
Човекот кој ги знае најдобрите ресторани, нарачува најдобри вина и купува подароци веднаш по запознавањето - е пример за класичен заводник. И посветува големо внимание на жената, но клучната работа е тоа што – во прашање се повеќе жени.