Нервозни пред состанок?

nervozni-pred-sostanok-povekjeПред првиот состанок многумина се вознемирени, малку уплашени, нервозни, несигурни, а тоа може да го расипе уживањето и да нè наведе да...


...се преставиме во полошо светло.

Не дека нервозата пред првиот состанок ќе ни го упропасти состанокот, но може да ни го намали уживањето, па добро би било ако можеме да најдеме нешто што ќе не смири – на пример, пријатна музика која што ќе ја слушаме пред состанокот.

nervozni-pred-sostanok

Некои и онака имаат обичај пред состанок, а и секогаш кога за тоа имаат можност, да слушаат музика која што им се допаѓа. Меѓутоа, не е доволно само да ни се допаѓа она што го слушаме.

Ако слушаме музика за несреќна љубов, за напуштање, за тага или нешто како албумот „The Murder ballads” од Ник Кејв, тешко дека ќе бидеме во ведро расположение за состанокот. Ниту прогресивната музика нема да не доведе во вистинско расположение за запознавање на некој нов.

Тогаш, што? Нешто што е ведро и оптимистичко.

Не мора да се работи за љубовни песни, таа музика не мора да има врска со љубовта, важно е во неа да има радост, да ни се допаѓа како звучи – и да не ни го „убие“ расположението. Поп, рок, диско, било која музика што ја сакаме и која што не е агресивна ниту пак депресивна, ќе заврши работа.

Доколку сакате класична музика, Моцарт е идеален за такви прилики. Инаку, докажано е благотворното дејство на Моцартовата музика врз луѓето.

Тоа не значи стопроцентна гаранција дека Моцартовата музика ќе не опушти и ќе ни обезбеди убав состанок, но вреди да се проба, нема да има штета, а може и да ни помогне.

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg