Машко - женско пријателство

masko-zensko-prijatelstvo-povekje Продолжуваме со темата за пријателството помеѓу мажите и жените. Сè уште има многумина кои не веруваат во искреното пријатество помеѓу мажите и...


...жените и такви што одбиваат да поверуваат во таквата можност поради едноставна причина „па тој секогаш мисли само на едно“.

masko-zensko-prijatelstvo

По нивно мислење, овој вид на пријателство е можно само со бившите девојки, затоа што во сите други случаи мажот сака да оствари физички контакт со жената. Сепак, директен физички контакт (манифестиран со бакнеж или прегратка) за жената не се сексуален чин... напротив...

За разлика од мажите, жената со задоволство ќе се бакне со својата пријателка кога ќе се сретнат на улица. Меѓутоа доколку се обиде да воспостави таков контакт и со својот машки пријател, најверојатно тој поинаку ќе го протолкува тоа. Дали е баш така? Можеби.

Индивидуалноста во толкувањето е во втор план кога ќе се постави прашањето како на машко- женското пријателство реагира третата страна, во овој случај, девојката со која сте во стабилна врска. Кога и да ја спомнете својата пријателка таа покажува сомнеж и љубомора. Можеби не ги манифестира директно, но веројатно не и е пријатно.

Ако сакате да бидете пријател со една девојка, а да остварите успешна љубовна врска со друга, морате да бидете сосема искрени и отворени со двете. Не се откажувајте од пријателството, но обидете се и да ја разберете партнерката.

Сетете се само колку сте биле љубоморни на нејзиниот пријател од детството кој е атрактивен (или поатрактивен од вас) и плус интелигентен. Потрудете се овие две важни жени во вашиот живот подобро да се запознаат и да стекнат доверба една кон друга. Така и вие и тие јасно ќе го разликуваат пријателството од љубовта.

Кога ќе се воспостави граница, проблемот во комуникацијата ќе исчезне сам од себе.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg