Пријателство меѓу маж и жена
Модерните жени се ослободија од предрасудите и табуата, па можат слободно да уживаат во пријателството со мажите. Вистинските...
...пријателски односи помеѓу мажите и жените повеќе не се нешто невозможно, денес се дури и во пораст, без разлика дали тој или таа се во стабилна врска.
Пријателството кое не вклучува сексуален однос повеќе не е непознаница.
Покорниците на оваа теорија сметаат дека машко-женското пријателство е драгоцено искуство за двете страни затоа што позитвино влијае на разбирањето и комуникацијата помеѓу половите.
Секако, има и такви кои сè уште не веруваат во искрено „мешано“ пријателство и кои сметаат дека тоа во себе сè уште крие еротски потенцијал, па таквите пријатели, порано или подоцна, сепак сигурно завршуваат во кревет.
Во секој случај, доколку сакате да бидете пријател со некоја девојка, трудете се најпрвин да бидете она што сте. Во такво пријателство припадниците на двата пола можат да научат многу работи еден за друг.
Најважно е да се одржи спонтаноста. Пријателството не може да се „освои“ – тоа се раѓа или никогаш не се случува. Ако жената сака да се спријатели со маж, не треба да се размислува дали тој и се допаѓа, ниту да го имитира неговото однесување, затоа што мажот во неа го бара она што не може да го најде во машкиот свет – женско гледање на работите. Значи, мажи - без фолирање ако некоја девојка ве интересира исклучиво како искрен пријател!
Доколку одсекогаш ве нервирале личности кои не умеат да се изразуваат или пак оние што малку зборуваат, од пријателите можете да научите дека покрај зборовите постојат и други начини на комуникација, како што се делата, па дури и молчењето.
Отвореноста тешко им паѓа и на мажите и на жените – таа во прв момент најчесто се толкува како израз на дрскост или непромисленост, што е погрешно. Можно е отворената личност подобро од сите да ја издиференцира реалната и имагинарната опасност, па така ќе му помогне на пријателот да надмине некои стравувања.
Најдобро е ако личноста која што ја посакувате за близок пријател не и робува на модата и стереотипите – тоа дополнително ќе ве растерети.