„Не се движете пребрзо“: Мажи даваат искрени совети за жените кога се во каубојската секс поза (18+)
„Користете ги колковите, а не нозете. Исто така, екстремно секси е ако чучнете потпрени на стапалата и рацете. И не заборавајте одвреме навреме да се навалите и да нѐ бакнете.“
Каубојската секс поза, односно кога жената е одгогре, е класика. Нејзината предност е што жените што не можат да доживеат оргазам само од пенетрација во оваа поза можат да добијат плус стимулација на клиторисот, кој им е на дофат на рака и на нив и на партнерот.
Но, некои жени од што премногу размислуваат како изгледаат голи не можат да уживаат во оваа поза, па мажи на Reddit даваат искрени совети.
Совети од мажите за жените:
„Искрено, обожавам кога жената е горе и дава сѐ од себе за да доживее оргазам. Ме возбудува кога жената ја има командата и одлучува за својата ‘судбина’. Oва е најлесниот начин на кој жена ми и јас успеваме едновремено да постигнеме оргазам.“
„Не скокајте превисоко, брзината не е секогаш најдобра. Правете го тоа бавно. Исто така, важно е да го погодите вистинскиот агол. Дефинитивно обрнете внимание кој агол ви е најдобар и посочете ни.“
„Користете ги колковите, а не нозете. Исто така, екстремно секси е ако чучнете потпрени на стапалата и рацете. И не заборавајте одвреме навреме да се навалите и да нѐ бакнете.“
„Ова е генерално правило за сите секс пози, но ете и за оваа... Набљудувајте ја реакцијата на лицето на вашиот партнер, па така ќе прочитате дали аголот и ритамот му одговараат и нему“.