Да, и мажите плачат
Момците конечно ја покажаа и феминистичката страна која вклучува покажување на емоции во јавност. Она што жените со децении го посакуваа...
...да го изнудат кај момците, се чини дека сега кога е пред нив, повеќе не им причинува големо задоволство. Добродојдовте во друштвото на метросексуалците. Баравте – гледајте!
Не се повеќе во мода женските солзи кои се појавуваат во секоја можна прилика. Солзите кои покажуваат симпатија, соочуство или пак солидарност, се машки солзи..и се ин!
Верувале ил не, и славните момци изјавиле дека плачат. Земете го на пример Крис Мартин – фронтменот на групата Coldplay, кој неодамна изјави дека плачел на победата на Обама, како и Мики Рурк кој веќе 15 години со солзи пробува да ја врати својата изгубена љубов Кер Отис.
Се чини дека се изгубија разликите помеѓу мажите и жените. Денес мажите плачат, се депилираат, посетуваат козметичари, поминуваат саати во бањата...
Тие се емотивни, фокусирани на својот изглед и се повеќе наликуваат на средени жени. И да, оваа страна секако ги опфаќа и солзите.
Ако некога мажите беа оние кои беа силни, а машката солза беше најтешка да се издејствува, денес се барани, посакувани и оправдани.
Се повеќе станува евидентно дека кога жена ќе пушти солза – тоа е веќе вообичаени слика, на која мажите повеќе не и даваат на значење.
Но, ако момците плачат тогаш се добива впечаток дека навистина мора да се работи за нешто важно, дека е тој страшно повреден така што и тие солзи мора да се најискрени.
Во врска понекогаш се чини дека се збунети улогите на тоа кој е дечкото а кој е девојка.
Иако според некои истражувања девојките се уште ја допуштаат доминантната улога на мажите, тие навстина веруваат дека разликите во однос на емотивната страна како и внимавањето на физичкиот изглед, застрашувачки се намалени.