Идеи како да го прославите Денот на вљубените и во време на пандемија
Направете романтична вечера
Нема потреба да одите во ресторан за да го прославите Денот на вљубените. Заедно со партнерот згответе го вашиот омилен оброк, дотерајте се, купете вино и уживајте во вечерата. Но, секако може и да нарачате храна од ресторан и да уживате во неа во интимна атмосфера.
Направете „пикник“ во домот
Бидејќи времето уште е ладно за да поминете ноќ под ѕвездите, зошто да не си направите пикник во дневната соба? Посетелете ќебе на земјата, направете даска со мезе, отворете шише вино и забавувајте се.
Решавајте онлајн квизови
Можете да најдете безброј квизови со кои ќе го проверите вашето знаење, а и во овој случај можете да си организирате натпревар. Запишувајте ги вашите резултати и на крај губитникот нека направи нешто за победникот.
Пробајте нешто ново во кревет
Ако вие или партнерот имате некоја сексуална фантазија која не сте ја реализирале досега, Денот на вљубените е совршен за тоа. Можете да пробате и некоја нова возбудлива секс поза.
Изгледајте некоја мини-серија
Ако сте слободни цел ден и не сте расположени за готвење и дотерување, најдете некоја забавна мини-серија и направете си маратон. Опремете се со грицки, можете да си направите и коктели или, во духот на Свети Трифун, отворете шише вино.
Одете на еднодневно патување на некое блиско место
Можеби не успеавте да го реализирате патувањето до некоја романтична дестинација, но секогаш можете да ги истражите прекрасните места во Македонија. Па, одберете некоја блиска дестинација и направете си еднодневна екскурзија.
Спирова С. | Црнобело