Зошто сакам да бидам сингл: „Моите пари и време се само мои“
„Откако останав сингл после долго време, конечно научив да се сакам и да не барам признание од другите“.
„Сингл сум последниве 10 години. Сите мои пари се мои. Целото мое време е мое. Си го насочувам фокусот каде што јас сакам. Едноставно, се обидувам да живеам исполнет живот“.
„Кога почнува празничната сезона, не мора да купувам подароци, не чувствувам стрес и евтино ги минувам сите празници“.
„Повеќе не сум присилен да се дружам со пријателите на партнерката“.
„Повеќе сакам да сум сингл, отколку во врска со личност која не ги цени љубовта и вниманието што ги добива од мене“.
„Не мора да се грижам како изгледам кога се релаксирам. Бушава коса, не носам шминка, не носам ни панталони“.
„Можам да правам што сакам и кога сакам, без да се консултирам со некого. Покрај тоа, мислам дека ниту една жена не треба да се справува со моето токсично семејство“.
„Научив кој сум откако ја прекинав последната врска. Оттогаш поминаа 4 години, и навистина ми се допаѓа во квака личност се претворив. Си поставив цели, направив планови и сфатив што сакам да бидам“.
Што мислите за овие изговори? Дали се доволно оправдани? Сепак, секој одлучува за својот љубовен статус...
Спирова С. | Црнобело