Добар поглед на врската

dobar-pogled-na-vrskata-povekjeКога станува збор за започнување врска, може да се каже дека сè зависи од трик прашања и давање што побрзи одговори. За да започне врската...


...а подоцна и да опстои, се чини дека е неопходно да се тргнат дилемите кои ни го спречуваат добриот поглед на она што всушност ни се случува во даден момент. Зошто?

Затоа што сакаме да уживаме до максимум. Некои правила сепак постојат и треба да се почитуваат.

dobar-pogled-na-vrskata

Знаете ли кога можете да се забавувате со девојка која е пријателка со вашата бивша? Дали е претерано да се подготви појадок за девојка која ви била само партнерка во незадолжителен секс? Дали се грижите за првиот впечаток?

Што се однесува до првото прашање, за да задржите имиџ на добро момче, морате да почекате барем шест месеци до година дена по раскинувањето. Да, тоа звучи како многу време и она што сите го бараме е заобиколен начин.

Среќна околност е што тој постои. Ако мислите дека чувствата се взаемни, признајте и ги своите, но додајте и дека мислите дека не треба да се брза. Во суштина, не е проблем да се смува другарката, проблем е како тоа ќе го поднесе вашата бивша. Тука единствен сојузник ви е времето и евентуалниот факт дека таа побргу од вас ќе влета во нова врска.

Што се однесува до појадокот по незадолжителен секс, теоретски, палачинки со чоколаден прелив по бурна ноќ звучат совршено. Во реалноста работите изгледаат поинаку. Пред сè девојката што ви се нашла во кревет воопшто не ја познавате и тоа до таа мерка што секое прашање би било неумесно. Претходната вечер, додека сте биле без облека, сè одело како што треба, но изутрина...

Покрај тоа врските за една ноќ имаат право да бидат грешка. Сè се случува така бргу, па е потребно неколку дена да сфатите дали привлечноста е вистинска. На крај, секогаш се враќаме на темата... првиот впечаток. Тој е важен, но не е единствен. Ако треба да се признае грешка, признајте ја. Тоа признание покажува дека сте внимателни и воспитани. Прашајте ја дали можете да почнете од почеток. Жените многу често тоа го сметаат за шармантно.

Би можело да ве интересира:

„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg