Сексот како обврска
Долго време за сексот се размислуваше како за грев. И денес за некои сексот е табу тема, но сепак сè повеќе се шири сфаќањето дека не се работи...
...за нешто нечисто – за жал, се оди и во друга крајност, па излегува дека имате обврска за редовен секс. А не е така.
На што мислиме? За почеток, тоа се текстови кои ве охрабруваат да имате секс и да ги изразите сопствените желби, да се потрудите потребите да ви бидат задоволени.
Тоа се описите на различните сексуални техники и задоволствата што ги овозможуваат тие техники, приказните за сексуалните помагала, приказните за оние што редовно уживаат во феноменот секс....
Доколку прочитате доволно такви текстови (несомнено во нив има и корисни информации), може да добиете впечаток дека , ако по толку совети немате редовни и феноменални сексуални односи, вие сте тотален лузер, кој заостанува во модерните времиња. Депримирачки и повеќе иритира одошто стимулира нешто да преземете.
Значи ако ви се смачи од многу текст за секс, некое време немојте да читате – и немојте да се чувствувате примитивно. Немате обврска да имате редовен секс, особено не тогаш кога не ви е до секс, или кога немате со кого, а не сте расположени ни за самозадоволување.
Феноменален сексуален живот – по книга? Па баш добро, за оние што ја зборуваат вистината, но вие не мора да се натпреварувате со нив.
Водењето љубов е супер - тогаш кога за тоа сте расположени, или евентуално, кога за тоа не сте сосема расположени, но на саканата личност многу и значи тоа да го направите.
Кога сме веќе кај расположението за читање книги или за долготрајно спиење и одмарање, кога во тоа повеќе уживате отколку во сексот, немојте да се стегате, исполнете си ја желбата – а олимписките достигнувања во количината на сексот, или бројот на оргазми препуштете им ги на оние на кои сексот им е натпревар.
Уживајте во она во што ви се ужива!