Луди од љубов?!
Нема некој што не ја слушнал фразата „луди од љубов“. Таа фраза е толку вообичаена што повеќе никој и не размислува за неа откако...
...ќе ја чуе – и онака тоа е само уште една фраза, зошто би размислувале за неа?
Зошто би се прашувале дали има вистина во неа, дали љубовта и лудилото имаат некоја сличност? Не мислиме на злосторствата од страст, секако. Постои ли некоја сличност помеѓу љубовта и лудилото, односно помеѓу љубовта и некое ментално заболување?
На Универзитетот во Пиза спроведено е истражување кое на извесен начин потврдува сличност помеѓу љубовта и едно ментално заболување. Кое? Кај „тазе заљубените“ нивото на серотонин во крвта е многу пониско од нормално, дури за 40 проценти! Тоа значи дека крвната слика на „тазе заљубените“ се поклопува со крвната слика на манично депресивните личности.
Ова откритие не е некое големо изненадување, затоа што веќе е познато дека „тазе заљубените“ ја губат врската со реалноста (само во одредена мерка, се разбира).
Сега се поставува прашањето, дали заљубеноста е болест? Дали е потребно некакво лечење, терапија?
Не. Заљубеноста, дефинитивно не е болест и не треба да се третира како таква. Без било какво лечење, без интервенција од страна на лекар, нивото на серотонин ќе се врати на нормала и крвната слика ќе биде повторно нормална. Тогаш и однесувањето ќе се врати во нормала и тоа повторно без терапија.
Значи, иако состојбата на заљубеност, барем во почетокот, има извесни сличности со одредени ментални заболувања (манична депресивност), фразата „луди од љубов“ не е навистина точна – љубовта само во некои моменти личи на болест, но тоа никогаш навистина не е.