Што очекувате од љубовта?

sto-ocekuvate-od-ljubovta-povekjeШто очекувате од љубовта? Што воопшто можат да очекуваат од љубовта современите мажи и жени во услови на секојдневни стресни животни околности?


Дали помина времето на лудување по романтични филмови, нежни допири и вечери на свеќи?

sto-ocekuvate-od-ljubovta

Сè почесто на современиот свет му се крева коса од главата кога ќе помислат на такви работи. Денес е општо прифатен став дека премногу романтика носи големо разочарување потоа.

Романтичните души кои од врската очекуваат дека ќе биде како во најубавиот љубовен филм со задолжителен среќен крај, денес се вистинска реткост.

Ретки се и оние што веруваат дека секоја личност со која ќе бидат во врска е баш таа, вистинската. Изгледа дека романтичните очекувања станаа пречка за стабилна љубовна врска. Се’ повеќе ги има оние што се откажуваат од очекувања како во бајките.

За да работите дојдат во нормала, треба да ги цениме ситниците што ги прави саканата личност за нас, на пример кога ќе успее да ве насмее или кога ќе ви донесе сладолед. Секако тоа не значи дека автоматски сте во групата на заљубени оптимисти; доволно сте самоуверени за да знаете дека девојките не мораат константно да ве опсипаат со внимание за да ви покажат дека ве сакаат. Во ред, можеби не сте и подариле ништо важно за 8 март, но затоа безброј пати сте ја носеле до болница кога мајка и биле болна.... Впрочем, романтиката е слична со двосмерна улица.

Во условите во кои живееме романтиката не се цени. Сепак, тоа не треба да значи дека паровите што се бакнуваат на улица ви предизвикуваат нагон на повраќање кога ќе ги видите. Не мора да бидете ни сомничави кога девојката ќе ве изненади со некој подарок или слатки зборови. Доколку во минатото сте доживеале големо разочарување, логично е дека не сте љубител на романтика, односно сте внимателен реалиста.

Наместо да жалите, размислете што е она во љубовта кое најмногу би ви се допаднало и препуштете му се на уживањето.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg