Дали сте идеален маж?

dali-ste-idealen-maz-povekjeСекој маж кој е во брак од време на време треба да се запраша дали за себе смета дека е добар маж. Одговорот најлесно ќе се добие ако се проучи однесувањето...


...на подубавата половина. Ако таа постојано нешто критикува, значи дека правите грешка во чекори. Со други зборови, иамте жолт картон и треба да превземете мерки за да не добиете црвен.

dali-ste-idealen-maz

Не е тешко да бидете идеален маж, но некои работи едноставно мораат да се почитуваат: негување на заедничките интереси, средување на сопствениот неред, одвојувње на време кое ќе биде само за вас, грижа за децата....

Сетете се што сте имале заедничко пред бракот, а сигурно имало многу работи штом сте се одлучиле на тој чекор. Трудете се да ја зајакнете кариката што ве спојува.

Отпатувајте на омилената заедничка дестинација (која и не мора д ае некое прескапо егзотично место) отидете на забава, ресторан, театар, кино, рекреирајте се заедно, шетајте, запишете курс по танц, готвење, сликање....

Многу е важно да негуватезаеднички интереси, бидејќи од тоа сојузништво подоцна ќе ја црпите силата за најтешките моменти во животот. Суштината на разбирањето во бракот секако лежи во тоа да се признае грешката. А за извинување не ви е потребно ништо освен добра воља, иако на многумина тешко им паѓа такво признание.

Без разлика на тоа колку обврски имате во текот на денот, секогаш можете да одвоите барем 15 минути кои што ќе ги поминете ислкучиво со својата сопруга.

Ако поминувате многу време надвор од дома, тогаш настојувајте барем заедно да уживате во утринското кафе, или појадок. Доколку работите блиску до дома, или пак до нејзиното работно место, искористете ја паузата за „блиц средба“ со сопругата.

Во вечерните часови разменете ги впечатоците од денот кој изминал. Зборувајте за децата, палновите што ги имате. Немојте никогаш да заборавите на својот брак да му посветите онолку време колку што му посветува вашата сопруга.

Би можело да ве интересира:

3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg