Фејсбук и љубовниот живот
-->
Фејсбук е одлична платформа за запознавање, но донесе и некои проблеми кои порано не сме ги имале. Некогаш се разменуваа телефони, а денес...
...е доволно да се праша „Дали си на Фејсбук?“.
Неколку минути подоцна личноста која штотуку сме ја запознале е нашиот нов „пријател“, а меѓусебното разгледување на слики и стари стауси може да отпочне.
-->
Од нова врска нè дели само мала порака „на ѕидот“ или во виртуелното сандаче. Но, љубовта во времето на фејсбук има и лоши страни.
Ова се неколку интересни факти за Фејсбук и љубовта:
- Фејсбук ја потикнува љубомората. За сомничавте, особено за жените, Фејсбук е вистински рај за шпионирање. Редовно се пребаруваат „ѕидовите“, се прави попис на пријателите и на последните активности на партнерот. Со малку среќа можеме да ја добиеме и лозинката.
- Фејсбук можеме да го искористиме и за да го направиме партнерот љубоморен. Некои жени на машките пријатели им паќаат двосмислени пораки за да го направат љубоморен избраникот и да го поттикнат на лов.
- Статистиките покажуваат дека секој десети корисник на Фејсбук го запознал идниот сексуален партнер.
- Голем проблем на мрежата од преку 500 милиони корисници преставуваат бившите љубовни партнери. Што да се направи по раскинувањето? Да се избрише бившиот дечко/девојка? Да се избришат заедничките фотографии? Зукерберг до сега не понудил решение за овој проблем.
- Веќе месец дена сме заедно, а сè уште не го сменил статусот на Фејсбук од „слободен(а)“ во „во врска“? Главоболка, жалење на пријателите и расправии со партнерот.
- Секој десети американски тинејџер барем една врска прекинал на Фејсбук. И тоа не со пристојна порака, туку со менување на статусот од „во врска“ во „слободен/а“
Препознавте ли некој од проблемите? Сте искусиле ли нешто од ова и на своја кожа? Слободно кажете ни во коментарите.
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што...
„Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“
„Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува
„Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“
Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“
„Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно...
„Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
-->