Откријте каков е во кревет

otkrijte-kakov-e-vo-krevet-povekjeСте запознале привлечен и згоден маж и по кратко време се прашувате каков би бил во кревет. Секако можеме само да претпоставуваме, гаранции нема.


Но, ако внимателно набљудувате, можете многу да дознаете без да завршите со него во кревет.

На пример, говорот на неговото тело, стилот, апетитот и однесувањето, можат да бидат добар показател на неговите љубовни способности. Само треба добро да ги отворите очите и внимателно да набљудувате.

Како се движи?

otkrijte-kakov-e-vo-krevet-1

Многу често мажот што е отворен во друштво, отворен е и во кревет. Знаете... оние мажи што ги забележувате по начинот на движење. Да, тоа се мажи кои се движат самоуверено, цврсто, но не тврдо. Дури и на 20 метри одалеченост по неговото одење можете да забележите дека има став.

Такви мажи ќе бидат добри во кревет бидејќи се самосвесни, знаат што сакаат и се опуштени. Добар показател на неговата способност во креветот е и начинот на кој игра. Мажот кој на подиумот ќе се ослободи, опушти и ужива во играњето, а при тоа не гледа дали другите го гледаат и што мислат за него, таков ќе биде и во кревет... опуштен. Мажите кои се неспретни при играње, најверојатно ќе бидат такви и во кревет.

Како зборува?

Колку се мажите поотворени и подруштвени, најверојатно добро ќе комуницираат и во кревет. Не е тешко да се забележи добро расположен маж кој весело разговара, мавта со рацете и е полн со животна енергија.

Да, таа животна енергија ја носи во кревет и таму со него нема да ви биде досадно. Мажите што во текот на разговор имаат постојано едноличен тон и досаден израз на лицето, најверојатно такви ќе бидат и во кревет. Значи, сакате ли маж со кого ноќите под покривачот ќе ви бидат незаборавни, набљудувајте како се однесува во друштво и нема да погрешите.

otkrijte-kakov-e-vo-krevet-2Како јаде?

Одамна е познато дека постои врска помеѓу храната и сексот. Некои истражувања зборуваат дека хедонистите се најдобри љубовници. Значи, може да се рече дека со добар апетит оди и добро либидо. Набљудувајќи го како јаде можете да откриете дали ќе биде добар во кревет. Ако и се радува на храната и ужива во секој залак, можете да бидете сигурни дека ќе знае да ужива и во кревет.

Ако излезете на вечера и тој ви понуди да пробате залак од неговото јадење, значи дека сака со вас да ја дели храната, но и многу повеќе. Мажите што сакаат да експериментираат со храната, ќе знаат да експериментираат и во кревет. Со други зборови, со него во кревет нема да ви биде досадно.

Како допира?

Мажите што секогаш се држат на дистанца, млитаво се ракуваат и се студени во комуникацијата, многу често, такви се и во кревет. Од друга страна, мажите на кои не им е проблем, на пример, да ја бакнат помладата сестра во образ при поздравувањето, да го потчукнат по рамо пријателот или срдечно да го прегрнат, ќе бидат великодушни и во кревет.

Многу можете да откриете и од начинот на кој ви ја држи раката. Ако ги испреплетува прстите со вашите, нежно ве милува со прстот по дланката, истото ќе го прави и во кревет. Колку повеќе мажот има наклоност кон физичкиот контакт, ќе биде попосветен во сексот. Тоа знаќи дека со него можете да откриете многу сексуални изненадувања.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg