Љубовни освежувања 2
Монотонијата како неизоставен дел на долгите врски, колку и да звучи парадоксално, не мора да биде нешто лошо. Нашите животи и онака се состојат...
...од ритуали повторувања, одење по веќе истапкани патеки. Меѓутоа, за да се избегне досадата која ја убива љубовта, добро е повремено да се „излуфтира“ врската.
Дали тоа ќе биде патување, караница, краткотраен прекин, неверство или нешто трето – секој нека избере по своја мерка.
Како и сè друго, љубовта бара нега. Наместо да ги гланцаме чевлите, својата кожа и коса, треба да мислиме на севкупната нега на љубовта.
Љубовта не паѓа од небо, ниту пак може самата да се одржува. Таа бара труд, напор, нега и тренинг. Ако е можно, немојте да бегате од љубовта и чувствата. Без разлика во која животна возраст се наоѓате, по секоја цена треба да си избегне лажење за тоа што ни е битно во животот, а љубовта секако ни е.
За да постои љубов, треба да се избега од негативните предзнаци кон животот воопшто, а за да постои врска, треба да веруваме во емотивното врзување. Ако ништо друго, да се биде во врска е добро за сите оние на кои што им пречи да бидат сами. Врските се одобрувани од страна на општеството, во врските званично е дозволен сексот, дури и пожелен, би се рекло.
Иако во дваесетиот век врските и бракот станаа надминати категории, подобра алтернатива сè уште не е најдена. Вонбрачните заедници, кои се во тренд, се сведуваат повторно на некој вид брачно врзување, само без официјален документ.
Во секој случај, бракот склопен или не, див или не, е облик на врзување со кое секојдневно се среќаваме. Сите облици се легитимни и треба да да се подржат. Оние што се одлучиле за било која варијанта на брак, небрак или вон брак имале силни причини за тоа.
Никогаш немојте да потценувате некого затоа што не е ист како вас. Секој си бара прав начин за освежување на љубовта.