Како се правдаат неверните?
За вас, кои веќе сте биле изневерени, ова можеби ќе биде потсетник на горките моменти кои сега можете да ги гледате со доза објективност.
За оние кои не се нашле во ваква ситуација, добро упатство за да бидете спремни. Овие фрази ги користат најчесто оние кои се неверни.
Колкава е можноста зад нив да се крие вистина? Веројатно, мала.
1. Едноставно, се случи!
2. На кого ќе веруваш, мене или него/неа?
3. Не е она што мислиш!
4. Но, јас те сакам!
5. Мислев на тебе за цело време.
6. Зошто би ми требал некој друг кога покрај себе имам прекрасна и паметна личност како тебе.
7. Бев пијан/а таа ноќ!
8. Знам дека веќе еднаш ми се има случено, но тоа беше одамна... зарем не ми веруваш?
9. Се случи само еднаш!
10. Не знаев што да правам...
11. Заспавме гледајќи филм, а кога се разбудив беше врз мене!
12. Зошто прашуваш толку многу? Зарем е важно и кога и каде сум вечерал/а?
13. Бог ми прости, зар не можеш и ти?
14. Мислев дека ми веруваш!
15. Тој/таа ми е само пријател...
16. Работам до доцна вечер, немој да ме чекаш.