Успешна жена-љубоморен маж
Релативно ретка приказна на нашите простори, е таа да кога жената ќе постигне поголем деловен успех - тој да биде љубоморен и тоа да...
...им ја уништи врската. Како изгледа типичен случај?
Кога се запознале, биле со сличен деловен успех или пак тој бил малку поуспешен од неа. Таа секако го подржувала, тој бил горд на својот успех и на тоа што е во состојба да се грижи за неа.
Добро, супер е што таа има свои пари, треба да има некој џепарлак за себе, така неговиот терет е помал, а и убаво е да се биде со жена која не е склона само да седи и чека сè да и се донесе – но, се знае кој е маж во куќата, кој заработува повеќе.
Потоа ситуацијата се изменува, нејзиното залагање на работа е наградено и таа добива унапредување и бенефиции. Одеднаш таа заработува повеќе од него и на работа е поуспешна од него.
Тој би требало да се радува за неа, го знае тоа, но наместо радост се слуша себеси како изговара дека тоа унапредување е преценето, дека тие бенефиции и не се нешто баш... Таа е многу радосна и горда на својот успех, а тој се обидува да ја спушти на земја. Секако таа се чувствува повредена и ...кавгата е тука.
Што всушност стои зад таквото негово однесувње? Дали тој навистина сака да ја понижи? Не. Тој само се обидува самиот да не се чувствува лошо, како тотален губитник.
Мажите во главно се воспитувани да веруваат дека тие се оние што треба да се грижат за жената и семејството, ако е таа поуспешна од него – што ќе и е тој? Ова не се однесува само на деловните успеси, ако таа оди на фитнес, а ако го затегне телото, додека тој се уште има пивски стомак, ако таа ја смени работата и најде нешто подобро, тој може да помисли – подобро тело, подобра работа, зошто не би нашла и подобар маж?
Жените не размислуваат на таков начин и затоа нивното резонирање не би го разбрале. Кога ќе го среди своето тело, сака да види дека е привлечна, кога ќе постигне деловен успех, сака да се покаже пред него. Мислите за освојување на нов маж во такви ситуации, навистина се ретки.
Што да направи жената во такви ситуации? Не е толку тешко - само треба да го увери саканиот дека и е неопходен. Баш тој, а не некој друг (без пивски стомак и со подебел новчаник). Еднаш кога ќе сфати дека и е потребен, ќе престане неговата љубомора на нејзиниот успех, односно стравот дека ќе ја изгуби.