Волшебни десет минути

volsebni-deset-minuti-povekjeДобро организиран маж кој води сметка за себе може да се претвори во „господин беспрекорен“ само за десет минути. Значи, десет минути...


...до цел час имате за да се подготвите за неочекувана средба.

Жените таква можност сигурно би откажале, или би ја поместиле за цел час, но кога се мажите во прашање тоа не преставува никаков проблем.

volsebni-deset-minuti

За почеток, брзо туширање со млака вода. Тоа е трик за моментално освежување и брза релаксација. При тоа додајте добар гел за туширање, дишете длабоко и трудете се што повеќе да се опуштите. Немојте да мислите на времето. Тоа се вашите две минути, времето кога треба да се фокусирате исклучиво на своето тело и да добиете нова сила.

Следи бричење. Добар избор на пена за бричење ќе ви ја заштити кожата и ќе ви ја омекне брадата. И сè ќе биде совршено. За да биде комплетен впечатокот, додајте и балсам, кој ќе го заштити лицето од иритација, ќе го направи лицето помазно и посјајно и ќе ви даде пријатен мирис.

Обрнете внимание на колонската вода, жените имаат специфичен вкус за мирис. Она што вам добро ви мириса може неа да ја држи три метри подалеку од вас. Прснете мирис пред вас и грациозно поминете низ облакот мирис – тоа е вистинската мерка.

Колку време ви остана? Некои четири минути. Таман толку да ги тргнете влакната кои израснале на неочекувано место. Особено внимание посветете на веѓите, бидејќи магистралните патишта преку челото повеќе не се во мода.

Без разлика на тоа дали некои жени претеруваат кога ќе речат дека секој маж прво го гледаат во забите и ја анализираат неговата насмевка, вие мора да заблескате (и поради здравјето, и поради естетиката). Затоа четкичката в раце!

Ви останува последната минута. Пред да влезете во гардеробата, фрлете последен поглед на досегашните подготовки. Многу е важно да нема непријатни изненадувања. Значи сè може да се заврши само за десет минути, без многу труд и да се добие титулата „голсподин беспрекорен“!

Би можело да ве интересира:

„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg