„Маж ми очекуваше секс, но јас само сакав да си ги облечам памучните пижами и да спијам“
Од него сум 12 години помлада и пријателите му завидуваат на тоа што има толку помлада сопруга, но јас не можам да соберам енергија. Плус, ми влијае и тоа што од сите страни сум опкружена само со лоши вести. Постојано дознавам дека некој починал, слушам за болести, за несреќи...
Пред некое време со чаша вино им се исповедав на моите пријателки, а тие заклучија дека сум си создала ментална бариера. Велат дека откако еднаш ќе прекинеш со навиката да имаш секс, потоа е тешко да почнеш одново.
Сите сме затворени на оваа тема, но штом почнам да зборувам искрено и другите кажуваат дека минуваат низ истото. Лажат дека им е оној период од месецот, дека имаат главоболка и што уште не.
Се чувствувам себично затоа што маж ми прави прекрасни работи за мене, а јас правам да се чувствува мизерно.
Пробувам да правам компромис и да имам доволно секс за да го усреќам, но никогаш не е доволно.
За мене и многу други жени сексот едноставно не е приоритет. Време е да признаеме дека едноставно не сакаме секс и малку да си го намалиме чувството на вина.“
С. С. | Црнобело