Најчестите грешки што треба да ги избегнете на почетокот од љубовните врски
Без разлика колку сте заљубени со партнерот, врската секогаш бара многу работа, особено на почетокот.
Постојат многу грешки што ги прават речиси сите кога ќе започнат нова врска, кои подоцна можат да бидат причина за сериозни проблеми.
Затоа, погледнете кои се најчестите грешки на кои треба да внимавате:
Преголем фокус на „физичкиот“ дел од врската
Сексот е важен во секоја врска, но фокусот не треба да ви биде само таму, особено ако и двајцата сметате дека врската има потенцијал.
Важно е да наоѓате време и за други заеднички активности кои ќе ви помогнат да се запознаете подобро.
Го споредувате партнерот со бившиот
Ова е честа грешка во новите врски, особено ако неодамна сте се разделиле со бившиот. Без разлика што и како правел бившиот, немојте да го споредувате со сегашниот партнер. Секоја врска е различна и немате никаква корист од правење споредби.
Штом сте започнале нова врска, време е да заборавите на поранешниот партнер.
Глумите нешто што не сте
Нормално е да сакате да оставите добар впечаток кај новиот партнер, но немојте да го правите тоа со глумење.
Дозволете си да бидете свои и покажете му го вашето вистинско лице на партнерот. Ако овој партнер е вистинскиот, сигурно нема да можете да глумите целиот живот.
Ги запоставувате потребите и обврските поради новата врска
На почетокот на секоја врска партнерите сакаат да минуваат што е можно повеќе време заедно. Ова е сосем во ред, но немојте да го запоставите вашиот живот поради новата врска.
Ако, на пример, секој петок сте излегувале со некој пријател, немојте одеднаш да го промените тоа поради новиот партнер.
Се однесувате премногу приврзано
Ако сте премногу приврзани, па дури и „зависни“ од партнерот, голема е веројатноста да го исплашите, особено на почетокот од врската.
Потребно е време за да се изгради стабилна емоционална врска помеѓу двајца, па немојте да го брзате партнерот.