Физичкиот изглед не е единствениот фактор – со што се одликуваат најпривлечните луѓе?
Постојат повеќе „состојки“ кои ја дефинираат привлечноста кај еден човек. Иако многумина мислат дека сè зависи од надворешниот изглед, вистината е поинаква.
Што ја прави една личност привлечна и посакувана?
Динамична привлечност
Начинот на кој се изразувате, односно вашиот динамичен изглед ве прави привлечни и секси. Она што се нарекува динамична привлечност е всушност говорот на тело.
Тоа вклучува изразување на емоции и клучен елемент игра харизмата на поединецот. Позитивното изразување – насмеано лице, оптимистичко темпо, експресивни очи и изрази на лицето се поврзани со динамичната привлечност.
Околности
Голем дел од истражувањата во социјалната психологија ни покажуваат дека ситуациите и околностите се многу важни. Како прво, ги сакаме и ги привлекуваме луѓето што нас нè сакаат и привлекуваат.
Имаме тенденција да возвратиме со еднаква наклоност. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека ако доживееме нешто што нè возбудува, можеме да му препишеме дел од таа возбуда на нашиот партнер и да станеме уште попривлечни за него.
Статичка привлечност
Тоа е она со коешто сте родени – формата на лицето, физичките карактеристики, општиот облик на вашето тело. Се разбира, физичкиот изглед може да се менува како што стареете поради повреди или пластична хирургија, но генерално, физичката привлечност е компонента околу која не можете да направите многу.
Самодоверба и себе претставување
Ова ги вклучува сите работи коишто една индивидуа може да ги направи со неговиот генерален изглед и што го прави физички попривлечен – нега, шминка, фризура, стил на облекување и сл.
Тоа е компонента на привлечноста што се постигнува со помош на „подобрување“, кон која сите сме склони. И да не заборавиме, самодовербата игра многу битна улога во допадливоста, односно привлечноста кај луѓето.
(О)Милена | Црнобело