Кога работите се „ладни“
Во врска сте веќе некое време. Некогаш беше прекрасно, може да се каже дека навистина беше „жешко“. Сега, меѓутоа, како полека...
...да се „ладите“ еден кон друг. Не дека повеќе не го сакате партнерот/партнерка, ниту пак сте имале некои расправии и препирки, само како да се одалечувате еден од друг. Тоа баш и не ви с едоапѓа, но не сте сигурни дека можете да сторите нешто околу тоа.
Можеби сте слушнале дека со време тоа така доаѓа; и тоа е тоа. Не е така! Постојат начини да се врати топлината во врската - еве неколку:
Играјте заедно! Ако навечер гледате телевизија, еден од партнерите во дневната соба, а другиот во спалната, меѓу вас нема да има топлина, колку и да ги рационализирате работите и да велите дека така правите за да не се карате околу тоа што да се гледа на ТВ.
Сетете се на деновите кога сте биле жестоко загреани еден за друг и излезете некаде заедно, отпатувајте заедно, или одберете некоја игра (ризико, шах, домино, карти) па играјте заедно. Позабавно е од гледањето телевизија!
Немојте да заборавите на изреката „кој не е за себе, не е ни за другите“. Ако не сте задоволни со својот живот, тоа може само негативно да се одрази на вашата врска. Средете се! Отидете да се рекреирате, најдете ново хоби, или... Разубавете си го животот и вашиот љубовен живот ќе се разубави!
Вашиот партнер, или партнерка треба да ве поддржат, а за тоа треба да им раскажете што ви се случува (за да знаат за што треба да ви пружат подршка).
Сепак, тоа не значи дека треба да ги угушите со приказната за проблемите на работа, или со пријателите, комшиите, што и да е, лимитирајте го раскажувањето на 10-15 минути, а потоа поминете на некоја тема што обајцата ве интересира. Во спротивно, ризикувате вашите секојдневни исповеди да ви ја умртват врската.