6 причини зошто некогаш мажите не можат да доживеат оргазам при сексот

Зошто тој не може да постигне оргазам? Дали вие правите нешто погрешно? Дали проблемот е физички или психички?

6-prichini-zoshto-nekogash-mazhite-ne-mozhat-da-dozhiveat-orgazam-pri-seksot-01.jpg

Машкиот оргазам се смета за брз процес за кој не е потребна некоја специјална техника.

Но, се случува понекогаш сексот да трае многу долго и мажот да не може да го доживее врвот.

Неколку причини зошто се случува ова:

Мажот е навикнат да доживува оргазам со мастурбација

Ова се случува кога мажот долго време немал партнерка или пак поради бременост или одредена причина извесен период немал секс со својата партнерка, па се навикнал на самозадоволување. Навикнат е сѐ да прави сам во рок од само неколку минути и знае точно кое движење и стисок му се потребни, па му изгледа дека вие сѐ правите погрешно.

6-prichini-zoshto-nekogash-mazhite-ne-mozhat-da-dozhiveat-orgazam-pri-seksot-01.jpg

Гледа премногу порно филмови

Овде станува збор за ментален проблем, а не физички. Порно актерките за него поставиле нереални очекувања за тоа како треба да изгледа женското тело и сексуалниот чин, па илјадниците ноќи минати во гледање порно филмови може негативно да влијаат на него, односно тој да не може да го достигне врвот со „просечноста“ на сексот од реалноста.

Порно филмовите не се лоши и поголемиот дел од луѓето ги гледаат без негативни последици, ова се случува само во екстремни случаи.

6-prichini-zoshto-nekogash-mazhite-ne-mozhat-da-dozhiveat-orgazam-pri-seksot-02.jpg

Мажот прима лекарства кои влијаат на неговото доживување на оргазам

Ако мажот долго време зема антидепресиви, апчиња за висок крвен притисок и одредени диуретици можно е да има негативни последици врз сексуалниот живот. Ако се случи ова, мажот треба да се консултира со доктор за барање на алтернативни лекарства.

Мажот пие премногу алкохол пред секс

Алкохолот влијае на способноста за доживување на оргазам. Чаша вино е добредојдена, но премногу алкохол може да ја уништи ноќта.

6-prichini-zoshto-nekogash-mazhite-ne-mozhat-da-dozhiveat-orgazam-pri-seksot-03.jpg

Инфекција или некаква друга здравствена состојба

Инфекција на простата или инфекција на уринарниот тракт може да бидат причини за тоа мажот да не може да постигне оргазам. Потешкотии може да се случуваат и при оштетување на нервите, невролошки пореметувања, срцеви заболувања и хормонски дисбаланс.

Ако сметате дека е нешто здравствено, тогаш задолжителна е консултација со доктор.

Мажот нема самодоверба

Анксиозноста, ниската самодоверба, недовербата со партнерот и стравот од тоа дека некои работи ги прави погрешно може да доведат до тоа партнерот да не успее да го достигне врвот. Потребно е време, трпение и поддршка.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg