8 знаци дека сексуалниот живот во вашата врска е „мртов“
Грешка број 1 во врските: Иницијатор на секс секогаш е само едниот партнер.
Сексуалниот живот е динамична работа и изгледа различно во различни периоди од животот.
Невозможно е постојано да биде одличен, но сепак кога работите не одат на добро треба да се пронајде изворот на проблемот и да се реши.
Сигнали дека сексуалниот живот во вашата врска е „мртов“:
Иницијатор на секс секогаш е само едниот партнер
Сексологот Џес О’Рајли вели дека луѓето се несреќни кога нивниот партнер не покажува иницијатива за секс. Aко е ваква ситуацијата, мора да разговарате со својот партнер.
Не сте мастурбирале многу одамна
Мастурбирањето е добро, со негова помош го запознавате своето тело и си пронаоѓате нови извори на задоволство.
Не зборувате за својот сексуален живот
Многу парови имаат ваква бариера, а мора да се зборува отворено затоа што добриот секс се крие во тоа заеднички да го пронајдете идеалниот рецепт за задоволство.
Секогаш ја правите истата работа
Ако можете во детали да го предвидите вашиот сексуален чин, тогаш дефинтивно не сте на вистинскиот пат. Правете нешто непредвидливо и задоволството ќе биде многу поголемо кога „наградата“ е нешто неочекувано.