„Никогаш не требаше да се омажам со тебе“ - 8 фрази кои среќните парови никогаш не си ги кажуваат
„Никогаш не требаше да се омажам/оженам со тебе.“ - Оваа фраза е најголем уништувач на бракот. Длабоко ќе го повредите партнерот и таа емоционална штета тешко дека некогаш ќе успеете да ја поправите.
Во врските и браковите, колку и да се среќни, неизбежно е да има моменти кога во ек на кавга ќе кажете нешто што не треба.
Бесот и непромисленоста се лоши работи и мора да се контролирате, ако не сакате да се каете подоцна.
Фрази кои среќните парови никогаш не си ги кажуваат:
„Порасни!“
Ова е позиција кога од старт претпоставувате дека вие сте во право, а партнерот греши. Со ова му ја слабеете самодовербата и го полните односот со негативна енергија.
„Ова е твоја вина.“
Наместо веднаш да обвинувате, прво истражете и дознајте што навистина се случило. Со бесот и инстантното насочување на прстот кон партнерот ќе го запоставите логичкото размислување за ситуацијата.
„Патетичен си.“
Ваквите фрази со текот на времето ќе акумулираат болка и горчина во вашиот партнер. Ваквите ниски удари ќе ви ја загорчат врската.
„Никогаш не требаше да се омажам/оженам со тебе.“
Оваа фраза е најголем уништувач на бракот. Длабоко ќе го повредите партнерот и таа емоционална штета тешко дека некогаш ќе успеете да ја поправите.
„Ти си губитник, но ти си мој губитник.“
Во оваа фраза има тон сарказам и партнерот ќе го чуе само првиот дел од фразата.
„Посакувам никогаш да не те послушав.“
Сите прават грешки и лоши избори и дури и вашиот партнер да ве убедувал за нешто, запомнете дека на крајот од денот вие сепак сте прифатиле.
„Ист си како мајка ти/татко ти.“
Оваа навреда не го деградира само вашиот партнер, туку и неговите блиски роднини. Покажувате непочит кон нив со ваквото изразување.
„Ако не го направиш тоа, готово е со нас.“
Врската не може да функционира на база на ултиматуми. Тој нема да се чувствува убаво во врската и ќе мисли дека е лесно заменлив во вашите очи. Ова ја ослабува емоционалната поврзаност на долг рок.
С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com