Што им годи на жените?

shto-im-godi-na-zenite-povekjeДали некој знае што им годи на жените? На пример, дали знаеме каков бакнеж сакаат? Груб или нежен? Можеби комбинирано? Во секој случај не е...


...паметно да и ги здробите забите само за да покажете голема страст.

shto-im-godi-na-zenite

Колку и да е важен бакнежот, најкатастрофалните грешки се случуваат како последица на допир на усните. Женското тело е преполно со замки во кои мажите несакајќи паѓаат мислејќи дека добро ги познаваат.

Мажот што сака да стане сензуален, досега веќе има сфатено дека од него не се очекува да биде акробата, туку да биде внимателен, досетлив и верен партнер во постелата.

Главната особина на таквиот маж не е вештината туку интелигенцијата. Тој знае што сака жената, но и од што и се гади, или што и оди на нерви. Важна е умешноста на добриот љубовник, да знае да ги одбере вистинските моменти, а неговото однесување се проценува надвор од спалната соба.

Секоја жена нема да сака секс ако мажот на маса се однесува како свиња. Да се разбереме, и нејвештиот љубовник ќе биде искористен само за една ноќ доколку жените што тој ги освојува сфатат дека сексот за него е краткотрајна победа со која може да се пофали пред пријателите.

Гледате и самите дека оваа приказна не води до сексуалната етика. Секој маж има свој морален кодекс, уште на почетокот научил што смее, а што не. Да се посегне по забранетото овошје и да се флертува со други жени додека сте во друштво на својата постојана партнерка, во најмала рака е глупаво.

Интимноста со жената пред сè треба да се набљудува како нешто убаво. Таа им го дава најдрагоценото што го има – самата себе. Затоа, познавањето на нејзините сексуални навики мора да остане строго доверлива информација. На жената и е важна нејзината репутација и нема да дозволи таа да се загрози со незрело фалење пред машко друштво.

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg