Зошто обратната каубојска секс поза е одлична? (18+)
За доминантни и самоуверени жени оваа варијација на каубојската поза е совршена. Партнерот дефинтивно ќе ужива.
Има жени кои сакаат да бидат одгоре затоа што така ја чувствуваат моќта што ја имаат врз нивниот партнер и имаат поголема контрола над своето задоволство.
Стандардната каубојска поза кога жената е горе е во ред, но за да внесете малку свежина може да се обидете со обратната каубојска поза.
Плус, придобивка од оваа поза е што партнерот не ве гледа директно во очи, доколку сте срамежливи или пак сте ранливи поради несигурностите околу своето тело.
Одлично е што и пенетрацијата во оваа поза е под поинаков агол со споредба со класичната каубојска.
Можете и сами да си го стимулирате клиторисот со прстите или пак да му кажете на партнерот да го стори тоа.
Што треба да запомните при обратната каубојска поза:
- Не брзајте, фатете ритам и прилагодувајте си го аголот како што ви одговара вам.
- Не плашете се да доминирате, вие сте горе и ако е потребно кажете му на партнерот да ги свие колената или да го промени темпото, сѐ во зависност од вашите желби.
- Сега не морате да го гледате партнерот во очи, па можете комплетно да се посветите на чувствата и уживањето.
- Бонус е ако задникот ви е омилен атрибут од телото, сега тој ќе биде во фокусот на вниманието и вашиот партнер ќе ужива во глетката.
С. С. | Црнобело