Како да го подобрите сексуалниот живот во подоцнежните години од животот?
Немојте да се разочарувате
Не заборавајте дека со годините, некои промени во телото се неизбежни и можат да предизвикаат проблеми со ерекцијата или сувост на вагината. Ако вам или на партнерот ви се случи нешто вакво, немојте да се разочарувате, бидејќи речиси и да немате контрола над ова.
Ако не можете да се возбудите во моментот, не си создавајте притисок и обидете се повторно подоцна.
Не е важна само пенетрацијата
Ако се соочите со сувост или проблеми со ерекцијата, не заборавајте дека пенетрацијата не е единствениот начин да бидете интимни со партнерот.
Можете да пробате орален секс или само да се бакнувате и да се допирате.
Не ја заборавајте мастурбацијата
Некои истражувања покажале дека средовечните мажи мастурбираат неколкупати месечно, додека жените на иста возраст го прават тоа многу поретко – едвај еднаш месечно.
Ако сте жена, не заборавајте дека и мастурбацијата е важна, дури и здрава. На овој начин не само што полесно ќе се ослободите од стресот, туку и ќе научите што ви причинува најголемо задоволство, а ова дефинитивно ќе го подобри сексуалниот живот.
Излезете од спалната
Ако имате секс само во спалната соба, зошто да не го промените тоа? Нема потреба да експериментирате со секс на отворено ако не ви се ризикува, но секогаш можете да имате секс во дневната, на маса, додека се туширате...
Спирова С. | Црнобело