Како да го подобрите сексуалниот живот во подоцнежните години од животот?

Доволно е да следите само неколку правила и совети, за вистински да уживате во сексот и во подоцнежните години од животот.

kako-da-go-podobrite-seksualniot-zhivot-vo-starosta-01.jpg

Само затоа што сте стигнале одредена возраст, не значи дека треба да престанете да уживате во сексот. Вашиот сексуален живот може да биде исто возбудлив како и во младоста, а треба да направите многу малку за вистински да уживате.

Во продолжение погледнете неколку совети што ќе ви помогнат да уживате во сексот и во подоцнежните години од животот:

Средете ја спалната соба

За многу луѓе, неуредната и валкана соба може да ја „убие“ желбата за секс. Затоа, осигурете се дека вашата спална соба секогаш ќе биде колку-толку средена.

Не заборавајте на лубрикантот

Поради менопаузата, во женското тело настануваат многу хормонални промени кои можат да предизвикаат сувост на вагината. Ова, пак, може да води до непријатен, па дури и болен секс. Лубрикантот лесно ќе го реши овој проблем, а и самите ќе забележите дека уживањето е многу поголемо.

Бидете отворени

Ако сте во брак или во долга врска, одвреме-навреме пробувајте нови работи во сексот. Треба да бидете отворени со вашиот сексуален партнер и слободно да зборувате за вашите желби. Ако сте забележале дека сексот станал монотон, предложете му на партнерот некоја игра или, пак, заедно одете во секс-шоп и најдете нешто што ви се допаѓа и на двајцата.

kako-da-go-podobrite-seksualniot-zhivot-vo-starosta-02.jpg

Правило од 6 минути

Дали после секс веднаш станувате од кревет и си продолжувате со другите активности? Тогаш време е да го промените тоа.

Едно истражување, во кое испитаниците биле средовечни луѓе, покажало дека паровите кои после секс минувале 6 до 10 минути во прегратки имале многу подобра врска, за разлика од оние кои не одвојувале воопшто време за ова.

Па, наместо веднаш да станете од кревет, одвојте барем 6 минути за да го зајакнете односот со партнерот.

Разговарајте со лекарот за вашите лекови

Ако имате проблеми во сексуалниот живот, а пиете какви било лекови, прашајте го вашиот лекар дали терапијата влијае врз вашето либидо. Ако одговорот е да, лекарот сигурно ќе ви помогне да се справите со тој несакан ефект.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg